Претставата „Не се клади на Енглези“ во режија на Синиша Евтимов, која неколку години е хит претстава и се игра на сцената на Македонскиот народен театар, завчера за првпат во публика имаше и глуви и наглуви лица. Во соработка со Сојузот за глуви и наглуви лица, ПР-агенцијата „Репресент“ од Скопје, одлучи своите пет години постоење да ги одбележи со програмска активност од општествена одговорност и со инклузија на луѓето со попреченост.
Полната сала на МНТ покажа дека уметноста нема и не треба да има граници. Во „Не се клади на Енглези“ играат: Сашко Коцев, Александар Митевски и Оливер Митковски.

– Сакавме нашиот роденден да раскаже една поинаква приказна, да биде мотив за целото општество да размислува надвор од грубата рамка. Се најдовме на иста фрекфенција со екипата на „Не се клади на Енглези“ и МНТ кои нѝ овозможија хит претставата што со години е на редовен репертоар да ја адаптираме за сите да можат да ја видат и уживаат. Наместо предвидениот буџет да го потрошиме само на коктел со нашите соработници, корпоративни клиенти и пријатели, одлучивме на овие луѓе, кои речиси никогаш досега немале можност да погледнат добра театарска претстава, да им го овозможиме задоволството да уживаат во маестралната и шарматна глума на нашите познати актери. Нашата заложба и роденденска желба за „Уметност без граници“ се оствари – вели Наташа Миркова, генерален менаџер на ПР агенцијата „Репресент“ од Скопје.

„Не се клади на Енглези“ ја имаше својата премиера во 2014 година.






