Јапонската култура во многу нејзини облици ќе биде промовирана денеска од 11 часот до полноќ во „Јавна соба“ во Скопје на фестивалот „Нихон џи“. Во 11 часот ќе се одржи турнир за деца во Tekken 7, што го организира Филип Георгиев, а коментатори се Ѓорѓи Конгуловски и Марко Гулевски.

Фестивалот официјално ќе го отвори амбасадорот Савада Хиронори во 11.30 часот на отворената тераса. Ќе следува презентација на боречки вештини на повеќе клубови (Аикидо Клуб „Хенбо“; Шуготенши Карате Клуб „Јамамори“; Џудо Кулб „Миоки“ и Кендо доџо „Јошин“). На пладне на програмата е турнирот Yu-Gi-Oh! во организација на „Гоблин друштвени игри“. Во истиот термин, на приземје трет дел, ќе се случува уредувачки маратон на „Википедија“ статии на македонски јазик, поврзани со јапонски теми, како и работилници за Kumihimo/Monkiri што ќе ги водат проф. Такеши Мацунага, Драгана Стикова, Анита Пренџова.
На тема „Сè што сакате да знаете за јапонија а не сте имале кај да прашате“ во 12.15 часот ќе се одржи трибина што ќе се одвива на англиски јазик. Ќе учествуваат Ладислав Лешниковски и Јуко Сакагучи, а модератор е Билјана Кочоска.
Повеќе за останатата програма, прочитајте на следниот линк.





