Mатематичките таленти Македон Димитровски, Или Морина и Амир Дестанов на гости во МОН

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера ги прими младите таленти по математатика Македон Димитровски (7) и Или Морина (13). Шаќири вели дека тие и учениците како нив се иднината на нашата земја.

– Нивниот талент, желба за учење и посветеност треба да нè поттикнат да најдеме најсоодветни начини за да ги поддржиме. Тие се доказ дека нашата држава има одличен кадровски потенцијал кој бара институционален одговор, за да може целосно да се реализира. Треба да им овозможиме квалитетна едукација, развој на креативноста и иновативноста, со што ќе им обезбедиме добри услови за надградување, реализирање и работ – вели Шаќири.

Или Морина на посета во МОН

Тој додава дека поддршката за талентите почнува со нивно идентификување, во што неодминлива е улогата на наставниците, кои потоа работат со овие деца.
– Потребни се и сет политики, мерки и активности за да се вреднува, стимулира и поттикнува трудот на надарените, креативни и талентирани ученици – вели Шаќири.

Ресорниот министер пред два дена се сретна и со младиот Амир Дестанов, ученик во ОУ „Браќа Рамиз Хамид“, кој многу ја сака математиката и победува на натпреварите „Кенгур“. Амир, и покрај тешкото детство успева да стекне солидни знаења за математиката.

– Младиот Амир покажа дека ниедна животна препрека не може да те спречи во желбата да успееш во тоа што го сакаш и во што ќе вложиш многу труд. Нам, како претставници на државата, ни останува да го поддржиме во неговата лична борба“ – рече Шаќири.

Министерот Шаќири го прими и математичкиот талент Амир Дестанов

Сподели