Да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба, порачува нуркачот Никола Паскали

Да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба, да ја почитуваме природата. Ние сме дел од неа – порачуваат нуркачи од Охрид.

Имате чувство како да сте во изворите кај Св.Наум, а се наоѓате во стариот дел на Охрид. Тука водата преку цела година е од 8 до 14 степени Целзиусови. На пример, кога во летните месеци температурата на водата е 25 степена, тука останува ладна и максимум до 14 степена. Кога ќе се раззелени во лето, кога високо ќе се издигнат ресите за капка светлина, ова место го викаме „Подводната Шума” – објаснуваат нуркачите.

На ова место Џеладин Бег имал изградено Сарај, местото денес викано Долни Сарај.

 

Сподели