Првата дневна временска прогноза била објавена во „Лондон Тајмс“ во 1861 година

Денеска е 23 Март, Светски ден на метеорологијата, според датумот во 1950 година кога била формирана Светската метеоролошка организација. На овој ден се едуцира јавноста за значењето на метеорологијата. Научникот што се занимава со изучување на атмосферата се нарекува метеоролог. Атмосферската наука вклучува атмосферска хемија и атмосферска физика.

Метеорологијата се изучувала илјадници години. Но, дури во 18 век доживеала значаен развој. Благодарение на компјутерите и сателитите во 20 век, точноста на временската прогноза многу се подобрила. Пред употребата на компјутерите, прогнозата многу се потпирала на историски податоци. Во некои времеиња дури и астрологија се користела за прогноза на времето.

Интересни факти:

– Аристотел се смета за основач на метеорологијата.

– Првата дневна временска прогноза се појавила во „Лондон Тајмс во 1861 година.

– Прогнозите се темелат на ветрот, температурата, воздушниот притисок и влажноста.

– Некои луѓе се жалат дека прогнозерите секогаш погрешно предвидуваат. Сепак, благодарение на развојот на науката и технологијата, метеоролозите денес се поточни од кога било.

– Генерално, точноста во 24-часовна прогноза е 95 отсто. Петдневната погноза е 75 отсто точна.

– Благодарение на точните временски прогнози, меторолозите може да ги предупредат луѓето за опасни бури и закани од природни опасности и да спасат многу животи.

Извор: https://nationaldaycalendar.com/world-meteorological-day-march-23/

Сподели