Водата од изворот Врело на Матка е задоволителна, покажала хемиската и анализата за тешки метали спроведена на акредитиран институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопшти спелеонуркачкиот клуб „Врело“. По повод 22 Март, Светскиот ден на водите, клубот активно учествува во зголемувањето на свеста во јавноста за значењето на изворите на вода како големо природно богатство.
Од клубот „Врело“ велат дека Светскиот ден на водите го организираат Обединетите нации како меѓународен ден https://www.worldwaterday.org/ на кој во сите земји во светот, секоја година со одредени активности го одбележуваат овој ден.
– 2022 година е во знакот на подземните води, а со мотото „Подземна вода – видливо од невидливото“. Целите годинава се како да се искористи подземната вода за секојдневна употреба, како да се заштитат околините каде има подземна вода од отпад и како да се промовираат подземните извори на вода кои се огромен природен потенцијал, најчесто неискористен, за местата каде има недостаток на вода за пиење – велат од „Врело“.
Клубот годинава активно учествува во светскиот предизвик организиран од UN worl Water 2022, на следниот начин:
– На 17 март нуркачите од „Врело“ нуркаа во пештерата Врело на Матка и од изворот земаа примероци од вода, кои ги испратија на нострифицирана лабараториска анализа за билошки, хемиски и анализи за тешки метали;
– Резултатите ќе бидат објавени и локално и во Обединетите нации за да се стави на знаење значајноста на овој природен подземен извор на вода за Скопје и околината;
– Учеството го пријави со објава на видеото и презентацијата на ОН, во согчасност со насоките за сите учесници; https://vimeo.com/690150739
– Денеска кај изворот на Матка за своите членови, подржувачи и соработници организираат ополнителна еколошка акција на собирање отпад во околината на изворот.
– Според анализираните резултати од хемиската и анализата за тешки метали, од акредитиран институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, во согласност со стандардот ISO 17025 од страна на ИАРМ со сертификат бр. ЛТ-006: Mострата (примерокот на вода од изворот Врело) е Задоволителна на условите од Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, „Службен весник“ на Република Македонија бр. 183/2018
Според анализираните резултати од биолошката анализа, од акредитиран институт при Универзитетот Св Кирил и Методиј, Скопје, согласно со стандардот ISO 17025 од страна на ИАРМ со сертификат бр. ЛТ-006: Mострата (примерокот на вода од изворот Врело) е НЕЗАДОВОЛИТЕЛНА на условите од Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, „Службен весник“ на Република Македонија бр. 183/2018.