„Синчец“ од Димитар Башевски

Таа доаѓа низ полето
Во големото ѕидно
Огледало.
Зад неа на гребенот
Виси портокаловиот цвет
На невенот.
Ѕвонот на јасиките
Се лизга по нејзините раце
Како капки дожад.
На градите има
Две окца од пеперутки
И еден синчец на грлото –
Знакот на обљуба на
Чуварот на полето.
Од букетот на страста
Тој го одбрал синото.
И сечилото на мојот нож
Сега блеснува модро.

Насловна фотографија: Pixabay

Сподели