Замина големиот Митко Апостоловски

Почина Митко Апостоловски, човекот со маркантен глас, фантастична дикција, доајен на македонското глумиште. Имаше 67 години.

– Денеска нè напушти долгогодишниот член на Народниот театар во Битола, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот почитуван колега! – соопшти Битолскиот театар.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски актери). Работел во Народниот театар во Битола (1973–1974) и во Народниот театар во Куманово (1980–1995). Од 1995 година повторно станува член на ансамблот на Битолскиот театар. Ќе остане запаметен по многу улоги меѓу кои: Фезлиев („Црнила“); Војдан („Тетовирани души се враќаат дома“); Креонт („Медеја“); Дидро („Развратникот“).

Сподели