Меморандум за соработка на археолошкиот локалитет Градиште кај селото Кнежје вчера потпишаа градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев и деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Ратко Дуев. Потпишивањето на документот следува по минатонеделната средба на која археолози, професори на Филозофскиот факултет предводени од Дуев, со градоначалникот и со директорот Народниот музеј, Александар Нацев разговараа за иднината на локалитетот за кој се смета е Билазора, престолнината на Пајонците.
ОБИД ЗА ОЖИВУВАЊЕ НА БИЛАЗОРА – ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „ПАЈОНИЈА“ ВО СРЦЕТО НA ЛОКАЛИТЕТОТ
Меморандумот ја дефинира соработката меѓу општината и факултетот за остварување на заеднички активности и реализација на заеднички проекти за археолошки истражувања на Билазора, издавање и промоција на публикации од областа на културното наследство, аплицирање на меѓународни проекти кои треба локалитетот да го претворат во истражувачки центар во регионот.
Насловна фотографија: Филозофски факултет





