Толковниот речник достапен на makedonski.gov.mk

Вкупно 100.000 зборови од македонскиот јазик од денеска се достапни онлајн на платформата makedonski.gov.mk. Дигиталниот толковен речник на македонскиот јазик денеска беше промовиран по повод 5 Мај, Денот на македонската забука и во рамките на годишното чествување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Раководителка на електронското издание на Tолковниот речник, Снежана Велковска вели рече дека оваа платформа е најдобар одговор на нападите и сведочи за сличностите и разликите помеѓу македонскиот и другите јзаици.
– Во него се вметнати 20 нови лексеми, подобрени дефиниции, исправени грешки од печатеното издание – рече Велковска.

Од денешната промоција / Фото: Влада

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јовановска-Грујовска објасни дека поимите може да се најдат со пребарување, а наскоро оваа опција ќе биде достапна и на правописот кој е во пдф-формат.
– Се надевам дека догодина на овој ден Институтот ќе биде подмладен со нови кадри – рече Јовановска-Грујовска.

Пред присутните се обратија и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели