Од печат излезе новата, четврта книга есеи од Славе Ѓорѓо Димоски „Пат покрај патот“, издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје. Книгата има пет циклуси во кои се помесетени дваесет есеи на различни културолошки теми, но јадрото на книгата го сочинуваат потописни есеи инспиративно поттикнати од неговите патувања во повеќе земји.
Во книгата се прави синтеза помеѓу два жанра: патописот, во кој се забележани впечатоци од остварени патувања и есејот како жанр што овозможува и своевиден поглед на виденото, доживеаното, но и оставени цивилизациски траги во времето. Другите есеи се на културолошки теми што предизвикале интерес кај авторот во последните петнаесетина години. Во последнитот дел се претставени две подолги интервјуа именувани како интервјуа-есеи во кои се образложени поетичките погледи на Ѓорѓо врз сопственото поетско творештво.
Славе Ѓорѓо Димоски е автор на повеќе поетски книги за возрасни и деца, деветнаесет му се преведени на различни јазици, добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија и застапен е во сите релевантни антологии на македонската поезија објавени по 1982 година.





