Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје се најде на 1.944 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година. Тоа е за 27 места помалку од минатата академска година и освои 65.9 поени од можни 100. УКИМ е единствениот универзитет од Македонија што се најде на листата.
Минатата година УКИМ беше на 1.917 место со вкупно 66.1 поен, а во 2019/2020 – 1.816 место.
Овие резултати ги објавува Центарот за рангирање на светски универзитети.
Квалитетот на образованието и бројот на истражувачките трудови се главните посталати според кои се прави рангирањето на универзитетите од цел свет.
Вкупно 19.788 универзитети се вклучени во истражувањето. На листата на 2000 универзитети од регионот се вброени: Србија со четири универзитети (најдобар е Белградскиот универзитет на 348 место), Словенија со три (Љубљанскиот на 374 место), Бугарија со два, Хрватска – со четири, а Грција – дури 12, како и минатата година.
Првите три места и годинава ги држат Харвард, МИТ и Стенфорд.





