Климатскиот пакт од Глазгов ќе го забрза темпото на климатските активности. Сите земји се согласија да ги ревидираат и зајакнат тековните цели за емисиите на штетните влијанија до 2030 година, соопшти британска амбасада во земјава по завршувањето на Конференцијата за климатски промени (КОП26) што се одржа во Глазгов.
– Речиси 200 земји се согласија на Климатскиот пакт од Глазгов за одржување на 1,5 Целзиусови степени во живот и финализирање на извонредните елементи од Парискиот договор. Правилникот со насоките за тоа како се спроведува Парискиот договор, беше комплетиран по шест години дискусии. Со тоа ќе се овозможи целосно спроведување на значајниот договор, по договорот за процесот на транспарентност кој ќе бара од земјите отчетност паралелно со исполнувањето на нивните цели – се вели во соопштението на амбасадата.
Тие велат дека за прв пат КОП постигнал договор за акцијата за постепено укинување на фосилните горива. Имало заложби за значително зголемување на финансиската поддршка преку Фондот за адаптација земајќи предвид дека развиените земји биле повикани да ја удвојат својата поддршка за земјите во развој до 2025 година.
– Кога Обединетото Кралство се зафати со КОП26, во партнерство со Италија, пред речиси две години, само 30 отсто од светот беше покриен со нулта емисија. Оваа бројка сега е околу 90 отсто. Во истиот период, 154 страни поднесоа нови национални цели, што претставува 80 отсто од глобалните емисии. Претседателството на Обединетото Кралство беше фокусирано и на поттикнување на акција за намалување на емисиите. Видовме огромна промена со јагленот и многу повеќе земји се обврзаа постепено да ја исфрлат струјата од јаглен и да го прекинат меѓународното финансирање на јагленот – пишува во соопштението.
На конференцијата била изразена посветеност за заштита на скапоцените природни живеалишта – на 90 отсто од светските шуми, 130 земји ветиле дека ќе стават крај на нивното уништување до 2030 година.
– Сегашните политики ќе не остават на пат кон катастрофален пораст на температурата. Но, работата на независните експерти кои ја спроведуваат анализата за Следење на климатските акции покажува дека со целосна имплементација на новите колективни обврски може да се одржи пораст на температурата до 1,8 Целзиусови степени – пишува во соопштението.
Насловна фотографија: Pixabay





