Најмалку 8 Македонци на листата на „Стенфорд“ на највлијателни научници во светот

Најмалку осуммина научници од Македонија се најдоа на листата на Универзитетот „Стенфорд“ на 2 отсто највлијателни научници во светот области на сите времиња. Двајца од нив работат на универзитети во странство – Петар Поповски, професор на Одделот за електронски системи при Универзитетот „Алборг“ во Данска и хемичарот Панче Наумов, професор на Универзиотот „Њујорк“ во Абу Даби.

На листата се најдоа и професорите и академици Љупчо Коцарев и Леонид Грчев од Македонската академија на науките и уметностите, Рубин Гулабоски од Факултетот за медицински науки, при УГД во Штип, и уште тројца хемичари од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје – Валентин Мирчески и пензионираните професори Трајче Стафилов и Иван Грозданов.

Целата листа може да ја прегледате ТУКА.

Насловна фотографија: Pixabay

Сподели