Д-р Марјан Гушев, редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја доби плакетата за посебен придонес за развојот на научноистражувачката дејност на УКИМ во изминатата деценија. Плакетата му ја додели ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски на денешното одбележување на 10 Ноември, Светскиот ден на науката. Признанието му е доделено за најмногу објавени научни публикации индексирани во базата на Web of Science во изминатата деценија и придонес за афирмацијата на УКИМ во земјата и во странство.
Традиционално беа доделени и наградите на најдобрите научници и уметник на Универзитетот, кои постигнале врвни резултати во текот на изминатата календарска година, во научноистражувачкото подрачје во кое дејствуваат. Тоа се:
– Проф. д-р Валентин Мирчески, Природно-математички факултет, во природно-математички науки;
– Доц. д-р Ефтим Здравевски, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во техничко-технолоки науки;
– Проф. д-р Марија Вавлукис, Медицински факултет, во медицински науки;
– Науч.сор. д-р Александар Цветковиќ, Факултет за ветеринарна медицина;
– Проф. д-р Борче Тренески, Економски факултет,
– Науч.сор. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, Институт за македонска литература,
– Проф. д-р Румена Бужаровска, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Светскиот ден на науката се одржа хибридно, со промоција на најдобрите научници и панел на тема „УКИМ во интернационални рамки“ на видеоконференциската платформа „зум“. Потоа се одржа промоција на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ. Целта на Центарот е да се зајакне интернационализацијата и меѓународната соработка и да се поврзат научниците и истражувачите кои работат и творат во светот, а се родум од нашата држава.





