Американско катче (American corner) вчера беше отворено на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Катчето ќе служи како центар за јавно информирање и активности за да се подобри заемното разбирање и контакти помеѓу народите на двете држави, како ресурсен центар студентите и наставниците од УКИМ и пошироко.
На свеченоста беше потпишан и меморандум за соработла помеѓу американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски и и проф. д-р Предраг Трпески, декан на Економскиот факултет.





