Санација на Музејот на вода кај Градиште

Привршува санацијата на Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, на Охридското Езеро.

– Тековните активности опфаќаат статичко зајакнување на пристапниот мост кој води кон платформата со реконструираните праисториски куќички, замена и зацврстување на сите дотраени и оштетени греди од наколната населба – информира Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид.

Проектот е финансиран од Министерството за култура, а целта е да обезбеди подобри услови и зголемена безбедност за сите посетители на музејскиот комплекс, еден од најголемите и најпосетуваните туристички атракции во Охридскиот Регион.

Фото: Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид

Сподели