3Д макета од македонската гробница откриена крај античкиот театар во Охрид

3Д макета на античката гробница од македонски тип откриена на локалитеот Караѓулевци, веднаш до античкиот театар во Охрид е изложена во Куќата на Робевци. Макетата на 3Д печатач ја изработил Кирил Денковски, а ликовното обликување е дело на Диме Солаковски, соопшти Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид.
На локацијата од гробницата е поставена информативна табла за посетителите, а во рамките на проектот беше изработена и виртуелна реконструкција на гробницата.

Кратко „time lapse“ видео од теренските активности во гробницата е достапен ТУКА. Проектот го рализирал стручниот тим составен од: Иван Малезан (раководител), Бојан Танески, Борис Матески, Дарко Ангелковски, Кирил Денковски, Раде Атанасов-Б’ше, Мартин Гоџоски, Ана Бојаџиева и Христијан Петровски. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а го релизираше охридскиот Завод и музеј во соработка со Здружението „Регионален зелен центар“ од Охрид.

Фото: Завод и музеј – Охрид

Сподели