58 нови стипендисти на фондацијата „Атанас Близнаков“ при УКИМ

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје вчера беа потпишани договори за стипендии, што ги доделува фондацијата „Атанас Близнаков“ при УКИМ. Договор за доделување на стипендија потпишаа 58 нови стипендисти и 76 стипендисти на кои им се продолжува стипендијата која прв пат им беше доделена во 2021 година. Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, која воедно е директор на Фондацијата, им се обрати на присутните со пригодни зборови за ликот и делото на донаторот Атанас Близнаков.

Близнаков е првенец во редот на донаторите на нашиот универзитет. Преку својот тестамент, во Фондацијата донирал дел од лично стекнатиот капитал, како средства наменети за стипендирање на талентирани студенти, кои немаат доволно материјални средства за школување.

Со помош на доделените стипендии преку оваа фондација, многу некогашни студенти го оствариле својот сон, дипломирале и денес се многу успешни во својата област кај нас и во светот.

Сподели