Пендаровски ги одликува Албанскиот театар, творците на „К-15“, Коле Ангеловски, Бајруш Мјаку и Гоце Тодоровски

Македонскиот претседател Стево Пендаровски ги награди со орден, медал и повелба неколкумина поединци и институции.

– Продолжуваме да ги вреднуваме придонесот и наследството што на својот народ им го оставија истакнати поединци и институции. Тоа е наша обврска и одговорност бидејќи со нивните дела го задолжија општеството на кое му припаѓаат. Ми беше чест да доделам повелба на една од нашите врвни културно-уметнички установи, како и три медали и три ордени за заслуги на наши истакнати, актери, режисери и медиумски личности – истакна Пендаровски.

Албанскиот театар од Скопје доби повелба, режисерот Коле Ангеловски, актерите Гоце Тодоровски и Бајруш Мјаку добија орден, додека Љупчо Каров, Бранко Огњановски и Васко Тодоров добија медал за заслуги.

Сподели