Младинскиот културен центар од 1 март ќе ги укине гратис-влезниците. Оваа пракса не е непозната за европските културните центри, па следејќи ги позитивните светски практики одлучивме да го укинеме овој негативно популарен тренд кај нас, велат од МКЦ.
Од 1 март за секоја „неодложна“ категорија на соработници, медиуми или спонозори и донатори, која ќе може со посебна уредба да добиe повластен билет, тој билет ќе биде наплатен со вредност од 50 денари.
Сите средства генерирани од издавање на овој тип билети ќе одат во посебен фонд, креиран специјално за оваа намена. Од него, на крајот на годината посебно тело преку јавен конкурс ќе ги додели средствата на млади автори, самостојни уметници или колективи, за финансирање на издавањето или презентацијата на нивните дела (издавање албум, продукција на изложба, трошоци за турнеја…).
Повеќе инфо на следниот линк





