На сцената на Долни Сарај во Охрид вечерва во 20 часот ќе биде изведена детска театарска претстава „5+ Бенд концерт“ во рамките на фестивалот Охридско лето. Претставата е на Охо продукција. За најмладата публика ќе бидат изведени најголемите хитови на ликовите од детската серија „5+ Фамилија“ кои заедно го сочинуваат најпопуларниот бенд во изминативе 10 години, „5+ Бенд“.
Настапуваат: Игор Ангелов, Сања Арсовска, Антонио Ташковски, Дамјан Цветановски, Матеа Јанковска, Марјан Наумов и Изабела Јакимова.





