Македонскиот извонреден вокал Ана Петановска и хрватската легенда Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“, што од лани се одржува во Тиват, Црна Гора. Тие беа наградени за композицијата „Небо“, за која музиката ја компонираше Григор Копров, текстот на Дадо Топиќ, а аранжманот – Стефан Петановски.
На истиот фестивал, македонските автори Дарко Димитров и Роберт Билбилов ја добија наградата за најдобар аранжман за песната „Одлазим“ (Павле Васиљевиќ). Извонреден настап и одличен впечаток остави Огнен Здравковски со композицијата „Нема те“ (музика и аранжман Димитар Андоновски).
Фото: Зоран Радоњиќ





