Гостување на српското дуо пијано „Арт“ на Фестивалот на класична музика во Струмица

Дуо пијано АРТ од Србија ќе настапи на првото издание на Меѓународниот фестивал на класична музика во Струмица, вечерва во 20 часот на малата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“. Фестивалот беше отворен на 2 јуни, а ќе трае до 9 јуни.

Освен солистичка музика, најголемиот дел од програмата на фестивалот е посветена на камерната музика. Идејата на обоистот Васил Атанасов била прифатена од неговите колеги, група професионални музичари од Филхармонија, Опера и колеги од основното музичкото училиште „Боро Џони” од Струмица, со цел да се направи интересен фестивал, единствен од таков вид кај нас.

– Целта ни е да ги претставиме врвните македонски уметници кои ја негуваат камерната музика, но и гости од соседните земји, Европа и пошироко. Струмица е град со традиција и историско културно наследство од сите сфери, град што ја сака музичката уметност, театарот, филмот, сликарството и културата воопшто и има убава традиција на културни настани, а со овој фестивал сметаме дека ќе го збогатиме културното живеење , бидејки градот го заслужува тоа. Фестивалот ќе придонесе, покрај гостувањето на странски уметници од повеќе земји, Струмица да стане и атрактивна туристичка дестинација, поради нејзиното културно наследство – вели Атанасов.

Сподели