15.000 посетители на Саемот на книгата

Околу 15.000 посетители биле на годинашното издание на Саемот на книгата што се одржа на отворено во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Повеќе од 60 изложувачи ги претставија своите изданија и автори во Промотивниот центар и на штандовите на издавачите. Се одржаа многу промоции и читања, а беа доделени и наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

Саемот на книга по втор пат успешно се реализираше на отворен простор. Издавачките куќи се задоволни од концепциската поставеност, континуитетот на саемот и безбедните услови. Интересот за читање на сите видови литература е во постојан подем во последните неколку години што ja покажува и бројката на посетители која и во овие пандемиски услови достигна 15.000. Дополнителен мотив за организирање е податокот дека домашните автори доаѓаат до израз, и радува фактот што младата популација и оваа година зазема значителен дел од вкупната бројка на посетители на саемот – велат организаторите.

Саемот е поддржан од Министерството за култура и од Град Скопје.

Сподели