„100.000 поети за промена“ објави конкурси за поезија и плакат

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ објави поетски и конкурс за плакат за годинашното издание на Фестивалот. Меѓународната манифестација се одржува во повеќе светски земји.

На поетскиот конкурс може да конкурираат автори од сите генерации. Поезијата треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално. Секој автор може да учествува со по една песна кои се испраќаат на фејсбук профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 31 август.
Песните ќе ги оценува комисија одредена од Организацискиот одбор на манифестацијата и Здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100.000 поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација.
Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100.000 поети за промена“.

Конкурсот за постер се однесува за дизајнерско решение на постери/плакати што ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот. Тематски треба да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот… Дизајнерските решенија може да се испраќаат на poetizapromena@gmail.com или на фејсбук профилот на манифестацијата најдоцна до 31 август. Делата ќе бидат разгледани од комисија, а ќе бидат изложени на изложбата на 25 септември во Струмица.

Дизајн на плакат: Теодора Илиевска

Сподели