Почина актерката Ратка Радмановиќ

Во 84-та година од животот, денеска почина актерката Ратка Радмановиќ, доајен на Народниот театар од Битола.

Родена на 19 мај 1940 година во Кочани, Радмановиќ најголем дел од кариерата работеше во Народниот театар во Битола, а беше активна и по пензионирањето. Таа оствари низа улоги во театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово. Има остварено низа на впечатливи улоги на сцените на македонските театри особено во Битолскиот народен театар каде долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот.

Радмановиќ оствари и десетина филмски улоги во: „Пред дождот“, „Ослободување на Скопје“, „Прашина“, „Кајмак“, „До балчак“, „Панкот не е мртов“, „Мајки“, „Трето полувреме“ и други.

Погребот на Радмановиќ ќе се одржи утре во 11 часот.

Сподели