Луѓето во прв план – со 10 херои од Македонија „Халкбанк“ одбележува една деценија на пазарот

Сите овие личности на некој начин заслужуваат глорифицирање и истакнување бидејќи се вистински пример и потенцијал за уште поголеми успеси во иднина. А нивните вредности и карактеристики се дел и од корпоративната култура и начин на работење на „Халкбанк“ како бренд, вели Маја Наумовска-Савеска од „Халкбанк“ АД Скопје

Секоја успешна компанија знае дека моменталните потрошувачи не се единствената таргет група кон која таа треба да се насочи. Една од најважните групи на „публика“ е токму таа која допрва ќе расте и ќе ја креира нашата иднина. А како дел од општествената одговорност на компаниите е многу важно и тоа – да се придонесе во овозможувањето на правилен, слободен и квалитетен развој на идните креатори на заедничката светла иднина, вели Маја Наумовска-Савеска, одговорна за односи со јавноста во „Халкбанк“ АД Скопје. Банката годинава одбележува една деценија на македонскиот пазар. Покрај основната дејност тие се профилираа и како силен поддржувач на бројни кинематографски, театарски, музички, фотографски и уметнички проекти. Еден од нив е Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера 2021“ чие трето издание почнува денеска.

Од минатогодишното издание на „Литера“

И годинава „Халкбанк“ соработува со Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера 2021“. Што би издвоиле од досегашната соработка?

– Да, „Халкбанк“ со задоволство ја продолжува соработката со „Литера“ и оваа година. Од минатата 2020 година, започнавме навистина убаво и корисно партнерство со тимот кој стои позади овој фестивал. Како компанија насочена кон реализација на успешни проекти во рамки на општествената одговорност, навистина сме среќни што нашата поддршка и во овој случај оди на вистинско место и се реализира на најдобар можен начин кој ја крева свеста за уметноста и културата кај најмладите. Морам да истакнам дека оваа соработка е пример за тоа како едно спонзорство/поддршка треба да се спроведат до реализација. Кога еден бренд се одлучува на тоа дека сака да застане позади некој проект со своето име, тој ја дава и својата доверба за успешно реализирање на истиот, но и за долготрајно соработување. Кога, пак, организаторот на проектот ќе ја исполни својата идеја на предвидениот начин, а притоа ќе испорача и дополнителни вредности и за двете страни, довербата и меѓусебната работа дефинитивно се продлабочуваат.

Како дел од заедничката соработка е создаденa приказната за Халки, малото слонче-пријател на децата. Што ново ѝ донесе оваа соработка на банката во нејзината поширока дејност?

– Од минатогодишната „Литера“, нашиот Халки – ликот на „Халкбанк“ кој е задолжен за кревање на свеста за финансиската писменост и создавање на добрите навики за штедење кај децата, доби и своја навистина прекрасна приказна која стана солиден материјал за користење при едукација на нашата младина. Оваа илустрирана приказна во која ликот на „Халки“ заедно со своите другарчиња (хероите на приказната) ги промовираат вистинските вредности и подучуваат за исклучително важни теми за денешното општество, стана извор и за дополнителни проекти кои се реализираат во текот за целата година. Како банка, од нашиот продукт за детско штедење, преку ваквите активности дојдовме до креација на еден сериозен мини бренд под чадорот на „Халкбанк“. Така, сега сме во фаза на поставување на целосна платформа околу Халки, која ќе биде задолжена за едукација; за кревање на свеста за екологија, социјална инклузија, уметност и култура; промоција на добрите навики и вредности кај децата.

Маја Наумовска-Савеска

Колку е важно една успешна компанија да покаже дека се грижи секое дете да добие можност за креативно изразување?

– Без оглед на дејноста во која се дејствува, детското размислување и креативност се огромен извор на идеи од кои се креираат и планови за комуникација и работење во иднина. Секоја успешна компанија знае дека моменталните потрошувачи не се единствената таргет група кон која треба таа да се насочи. Една од најважните групи на „публика“ е токму таа која допрва ќе расте и ќе ја креиара нашата иднина. А како дел од општествената одговорност на компаниите е многу важно и тоа – да се придонесе во овозможувањето на правилен, слободен и квалитетен развој на идните креатори на заедничката светла иднина.

На кој начин ова се одразува во однос на создавање на идни кленти на „Халкбанк“? Колку е важно децата од мали да се учат да ракуваат со финансии?

– Во најмала рака, кај детето кое еден ден ќе биде и возрасен, ќе постои асоцијацијата за Халки односно „Халкбанк“ како компанија во која може или треба да се штеди. Но, нашата цел е да ги едуцираме децата и за важноста на финансиите и правилното раководење со истите, за во иднина да бидат првенствено успешни, умни и среќни сами за себе, за општеството во кое ќе живеат и ќе го развиваат, па и за нас како институција која можеби ќе ја изберат како свој партнер кога станува збор за нивните финансии.

Како овие активности помагаат во градењето на брендот на една реноминара компанија?

– Како дел од темелите на кои се базира брендот. Активностите кои создаваат поврзување на брендот со неговото позитивно деjствување во општествено корисни сегменти, на некој начин создаваат и симпатија, доверба и потенцијал за партнерска соработка во иднина.

Во моментов имате актуелна, голема кампања за вашиот бренд и јубилеј. Колку е важно да се вложува во имиџот и како тоа се рефлектира во работата со клиенти?

– Оваа година „Халкбанк“ како бренд одбележува 10-годишен јубилеј на македонскиот пазар. По тој повод, развивме една малку несекојдневна кампања за споделување со јавноста. Наместо да се фокусираме на презентирање на сето тоа што во изминатите години го постигнавме на пазарот (а постигнавме навистина многу), ние повторно во прв план ги ставаме луѓето и даваме јавно ветување за уште посветла заедничка иднина. Како носители на нашата кампања имаме избрано 10 херои од нашата земја кои на некој начин заслужуваат глорифицирање и истакнување пред јавноста, бидејќи се вистински пример и потенцијал за уште поголеми успеси во иднина. А нивните вредности и карактеристики се дел и од корпоративната кулура и начин на работење на „Халкбанк“ како бренд. Особено ни е важно тоа што го прави нашиот имиџ и тоа што го негуваме како идеологија и принцип на работење да го презентираме пред јавноста. Да се запознаеме уште подобро и уште поблиску со луѓето околу нас. Само на тој начин и може да очекуваме и да се усогласиме со оној дел од населението и од компаниите, кои ќе воочат дека сакаат да градат партнерски однос со сигурен и стабилен бренд како „Халкбанк“ во иднина.

Поддршката на културниот сектор од бизнис-секторот во Македонија е сè уште во зародиш. Може ли културата да стане конкурентна во бизнис-секторот?

– Може, и треба. Културата е многу важна за развојот на едно општество. И дефинитивно, покрај самата држава, така и бизнис-секторот треба да се насочи кон нејзиното сериозно поддржување. Ние како „Халкбанк“ имаме преземено бројни проекти како потпора во доменот на културата. Важиме за партнер во бројни кинематографски, театарски, музички, фотографски и уметнички проекти. А преку активностите, како овие со „Литера“, ќе докажуваме дека нашата поддршка во сферата на културата ќе расте и во иднина.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели