Како Естонија стигна на 5. место на ПИСА?

Што стои позади успехот на учениците од Естонија на меѓународните тестирања ПИСА? Според Имби Хено, професорка на Универзитетот во Талин и во еден период дел од Министерството за образование на Естонија, одличните постигнувања на учениците се должи на повеќе поврзани факти. Образовниот систем на Естонија успешно го поддржува учењето на сите ученици, а домашата социо-економска позадина има помал импакт врз учениците за разлика од другите земји.

– Имаме најниско ниво на ниски постигнувања на учениците во читање, математика и наука – вели истражувањето.

Главна компонента се промените во образовниот систем во последните декади. Обновата на образовниот систем се одвивал во три главни области: развој на нов национален курикулум, реориентирање на обуката на наставниците и нивно фокусирање на поиноватовни наставнички вештини и пристапи во чиј центар се учениците и надградување на стручното образование и обуките. Неколку од главните причини за успех се: образованието е ценето во Естонија, сите имаат еднакви можности, бесплатно образование, академски квалификувани наставници во сите нивоа на образование, училиштата и наставниците имаат широка автономија како ги спроведуваат инструкциите и сами одлучуваат за наставната содржина.

Фото: Pixabay

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели