Во Венеција отворен првиот меѓународен културен настан во пандемија

Oва не е првпат канцеларијата на УНЕСКО да биде домаќин на македонскиот национален павилјон на Биеналето во Венеција. Годинешната изложба е првиот голем меѓународен културен настан повторно отворен за време на пандемијата, рече Матео Росати, претставник на Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција во чиј атриум е поставен проектот „Сега“.

Нашите архитекти во Венеција: Сонцето му даде нова димензија на проектот „Сега“

Со претставување на проектот на Бирото за проектирање – БИНА вчера официјално беше отворен македонскиот павилјон на една од најпрестижните глобални архитектонски манифестации, 17. Биенале на архитектурата во Венеција.

Преку видеопорака министерската за култура Ирена Стефоска им пораќа на авторите дека нивната визија го дава одговорот на тематското прашање на биеналето, „Како ќе живееме заедно?“

Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија и комесар на проектот рече дека биеналето е ретка можност достоинствено да ја претставиме нашата земја. Куратори на проектот се Бекир Адеми и Јордан Шишовски, а покровител на изложбата е Министерството за култура.

Фото: Министерство за култура

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели