Рап, поп и фолк изведувачи ќе ги забавуваат вевчанци и сите гости на „Вевчанскиот карневал“ што ќе се одржи во наредните три дена. Една од највпечатливите и најстари културни манифестации во Македонија и регионот на духовит начин зборува за негативните појави во општеството, но повикува и на расчистување со негативната енергија што се насобрала во изминатата година, вели градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочоски.

Вевчани во наредните два дена ќе се претвори во една голема сцена, а традицијата во слобода на духот и слободно изразување.
Дарко Масларковски од бендот „Пука комзетика“, што ќе настапи во првата вечер, ја презентираше деталната програма во две вечери.

Антонио Димитриевски, Спасе Кочоски, Дарко Масларковски (од лево кон десно)
Новинарот Антонио Димитриевски, кој е дел од организацијата на манифестацијата, истакна дека „Вевчански карневал“ спој на пагански обичаи и христијанската религија, низ кои се испреплетуваат современата сатира и уникатен македонски непокор.





