Која вакцина против ковид-19 е најефикасна?

Денеска почнува масовна вакцинација со „Синофарм“ откако минатата недела пристигнаа 200.000 дози во Македонија

Која вакцина е најефикасна против ковид-19? Граѓаните на Македонија досега примаа „Фајзер“, „Астра зенека“ и „Спутник В“, а од денеска почнува масовна вакцинација со „Синофарм“ откако минатата недела пристигнаа 200.000 дози. Од Министерството за здравство најавуваат дека дневно ќе се имунизираат по 15.000 луѓе. Македонските граѓани досега немаа избор која вакцина ќе ја примат.

Списанието на Британската медицинска асоцијација (BMJ) во март објави интересен текст во кој прецизно табеларно се претставени карактеристиките на 10 вакцини против ковид-19. Покрај името и производителот, посочена е технологијата на производство, колку дози се примаат, колку се ефикасни против симптоматското заболување, профил на безбедност, колку се ефикасни против британскиот и јужноафриканскиот сој, дали апдејтираните верзии се направени/насочени кон соевите, ефектот од масовната употреба.

Така, од сите 10 посочени вакцини најголем дел се примаат во две дози, освен „Џонсон и Џонсон“ и „Кансинобио“ од кои се прима само по една доза. Научната студија покажува дека најголем процент на ефикасност има „Новавакс“ (95,6%), „Фајзер“ (95%), „Модерна“ (94,5%), „Спутник В“ (91,2%), „Астразенека“ (82,4%)…

Авторка на трудот во списанието на Британската медицинска асоцијација е новинарката Елизабет Махасе. Таа ги посочува варијантите (соевите) на основниот вирус САРС-КоВ-2: B.1.1.7 (првпат детектиран во Обединетото Кралство), B.1.351 (пвпат се појави во Јужна Африка) и P.1 (детектиран во Бразил).

– Но, се појавија и други варијанти, вклучувајќи и една во Њујорк. Наречен B.1.526 овој ја содржи истата E484K мутација што предизвика толку многу загриженост во B.1.351. Оваа мутација му овозможува на вирусот да му избега на еден дел од имунолошкиот одговор на телото. Вакцините развиени против оригиналниот вирус исто така се помалку ефикасни против јужноафриканскиот сој – пишува во трудот.

Целиот труд прочитајте го ТУКА.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели