Починатиот одличен ученик Тони Сали за кој пишуваше порталот Сдк.мк се најде на списокот на најдобри матуранти на кои скопскиот градоначалник Петре Шилегов на 15 јуни на „Школка“ во Градскиот парк ќе им врачи специјални признанија и парична награда. Град Скопје најави дека свое обраќање ќе има и амбасадорот Дејвид Гир, бидејќи манифестацијата е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во нашата земја.

– На оваа средба, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на 34 матуранти првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парична награда – пишува во соопштението на Град Скопје.
Матуратнот Тони Сали од СУГС „Шаип Јусуф“ е 33-ти на списокот.
Од Град Скопје известуваат дека традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ е во рамките на нивните програмски активности во сферата на образованието, а во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците. Настанот го организира Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.
Порталот Сдк.мк неколку години ја следеше приказната на Тони кој е роден во Македонија, а 18 години не можел да добие матичен број. Серијалот за неговата голгота ТУКА.





