Петмина средношколци од Македонија учествуваат на 4. Европска олимпијада по физика која од денеска до 26 јуни ќе се одржи онлајн. Домаќин на учениците од Македонија е Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде учениците ќе решаваат задачи. Нашиот тим го сочинуваат:
– Јан Стојановски, 1. година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје;
– Мајкл Георгиевски, 2. година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци;
– Димитар Џорлев, 3. година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица;
– Марко Стојановски, 4. година во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје;
– Емилија Николовска, 1. година во „Математичко – информатичка гимназија – Скопје.
Лидери на тимот се проф. д-р Ирина Петреска и м-р Христијан Кочанковски од Институтот за физика. Петтемина ученици беа селектирани на селекционен натпревар, одржан на 28 април.





