На покана на светски познатиот национален театар „Шајо“ од Париз, македонските танчери предводени од кореографката Рисима Рисимкин, во март, 2022 година, ќе ја одиграат париската премиера на „Идентитети – историја на еден растегнат сон“ во салата „Фирмен Жемие“.
Најавата за премиерата во Франција ја пишува Филип Нуазет, еден од најдобрите светски теоретичари и критичари за танц, кој вели „…Среќа е кога се откриваат нови територии на танцот. Така Рисима Рисимкин ја
става Македонија на европската кореографска карта…“.
Претставата е во продукција на Скопје танцовиот театар кој годинава одбележува десет години.





