НАЈЧИТАНИ ВО 2024: Дамјан Давков, македонското чудо од дете, доби поддршка од компанијата Cosmic Development

Текстот за Дамјан Давков, најмладиот олимписки медалист по математика во Европа кој доби финансиска поддршка од Cosmic Development е еден од најчитаните текстови на Умно.мк за 2024 година. Поддршката му овозможи да оствари дел од своите амбициозни планови. Давков ја доби поддршката пред да замине за Бат, Велика Британија, каде што ја претстави Македонија на Меѓународната олимпијада по математика. На најпрестижниот математички натпревар во светот, Давков освои златен медал.

На прашањето што му значи математиката и што најмногу го фасцинира, младиот генијалец вели: „Едноставно се чувствувам добро кога решавам математички задачи.“ Целиот текст на линкот.

Сподели