Дамјан Давков, македонското чудо од дете, доби поддршка од компанијата Cosmic Development

Најмладиот олимписки медалист по математика во Европа доби финансиска поддршка од Cosmic Development, што ќе му овозможи да ги оствари своите амбициозни планови. Тој викендов патува за Бат, Велика Британија, каде што ќе биде дел од тимот што ќе ја претставува Македонија на Меѓународната олимпијада по математика. Оваа поддршка ќе му овозможи на Дамјан да додаде повеќе медали во неговата импресивна колекција.

На прашањето што му значи математиката и што најмногу го фасцинира, младиот генијалец вели: „Едноставно се чувствувам добро кога решавам математички задачи“.

Деновиве во канцелариите на Cosmic Development во Битола, во присуство на неговите родители, беше потпишан документ со кој се официјализираше финансиската поддршка за Дамјан.

-Ние сме неверојатно горди на Дамјан и неговите достигнувања. Оваа поддршка од Cosmic Development значи многу за нашето семејство и ќе му помогне на Дамјан да продолжи да нижи успеси – вели Давкова.

Почестени сме што поддржуваме ваква талентирана млада личност, истакнуваат од битолската компанија.

-Посветеноста и љубовта на Дамјан кон математиката и програмирањето се навистина инспиративни и возбудени сме да видиме што ќе постигне понатаму“ – велат од Cosmic Development.

Со оваа поддршка, Дамјан треба да тргне на своето следно големо математичко патување, подготвен да остави свој белег на глобално ниво.

Сподели