Нема фудбалер на ЕП2000 кој во својата татковина инспирира толкава почит, ниту фудбалер чија кариера се развивала паралелно со 30 годишниот развој на неговата земја
На почетокот на неделава Југослав Тренчовски му се јави на Горан Пандев и реши малку да го задева стариот пријател. Пандев ќе има 40 години на следното Светско првенство, сè поблиску е до денот на повлекување од активното натпреварување, но сепак, нема да биде проблем да издржи до Катар2022.
– Можеби тренерот ќе ме избере. Ама ќе тежам 15 килограми повеќе – одговори Пандев.

Ова е воведниот дел од текстот што вчера го објави ренимираниот „Гардијан“, во пресрет на првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство во фудбал.
Пандев веќе има „тежина“ во секоја смисла. Нема фудбалер на ЕП2000 кој во својата татковина инспирира толкава почит, ниту фудбалер чија кариера се развивала паралелно со 30 годишниот развој на неговата земја.
– Горан има посебна енергија со која ги врзува луѓето за себе. Тој е лидер на националниот тим, но и своевиден лидер на нацијата – го цитира „Гардијан“ Тренчовски.

Пандев ќе биде капитен на македонскиот тим, две децении и една недела по освојувањето на првиот куп. Помалку делува како бајка: победничкиот оптимизам го предводеше Пандев кој планираше да престане минатата година, за да се предомисли бидејќи почувствува дека нековата земја има единствена шанса која некогаш изгледаше невозможна. Така Северна Македонија го победи Косово во полифиналето и тогаш, во неверојатно тензична ноќ во Тбилиси, Пандев ја нападна грузиската одбрана, го поведе својот тим во историска победа и бликна во солзи.

– Од дете, во својата ДНК ја има таа способност да ги прочита соиграчите, да се адпатира на секој играч. Оваа вештина го прави единствен, незаменлив во сите клубови во кои играше. Горан ја гледа можноста неколку секунди пред другите. Тоа е магично – вели Делио Роси, под чиј менаџмент Пандев покажа што може во клубот Лацио во средината на 2000 година.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Фото: Радован Вујовиќ





