Концерт на „Мизар“ на 3 април во Филхармонија

Големиот македонски бенд и бренд „Мизар“ ќе одржи ексклузивен, интимен концерт на 3 април во Македонската филхармонија, со специјална програма. Под мотото „Најдоброто од Македонија”, на концертот ќе бидат изведени теми од целиот богат опус на еден од најкултните бендови, не само во македонската музика, туку и во и за македонската култура; теми од „Мизар“, „Кобна убавина“, ,,Свјат Dreams”,„Детето и белото море“, ,,Поглед кон цветната градина”, ,,Вечна празнина”…

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба денес во 10 часот наутро на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk.

На концертот ќе се придружат и специјални гости и музичари кои во изминатите 45 години имале свој удел и оставиле значаен белег во приказната на „Мизар“.
Инаку, бендот деновиве е актуелен со нивната нова извонредна песна „Вардар е Стикс“.

Сподели