Книгата „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска, илустрирана од Наташа Андонова („Гаврош“, 2022) ќе биде дел од меѓународната изложба Turning the Page on Change – Children’s Books Inspiring Action for the Global Goals, која ќе се одржи во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Изложбата ќе се случи од 20 февруари до 13 март.
Изложбата е дел од програмата на Bologna Children’s Book Fair и ги претставува насловите селектирани од категоријата Sustainability на BolognaRagazzi Awards — книги од целиот свет што ги отвораат прашањата за иднината, природата и одговорноста што ја споделуваме.
Изданието беше дел од меѓународниот проект „Патиштата на хероите“, поддржан од програмата „Креативна Европа“.





