„Стибера, 70 години археолошки истражувања“ е насловена изложбата отворена во Археолошкиот музеј во Скопjе. Претставени се предмети пронајдени на античкиот град кај Прилеп на археолошките ископувања во изминатите седум децении. Првите систематски археолошки ископувања на Стибера ги спровел Археолошкиот музеј во Скопје во 1953 година. Археолошките истражувања продолжуваат во 1959 година и до денес ги води Заводот и музеј во Прилеп.
– Низ овие 70 години Стибера раскажува за својот живот и нејзините граѓани преку откриените градби и преку движниот археолошки материјал, кои се вбројуваат меѓу најпрепознатливите во македонската археологија. Историјата на Стибера преку пронајдените археолошки предмети со оваа изложба за прв пат интегрално се претставува пред пошироката јавност како соработка меѓу двете установи кои ја истражувале – велат од Археолошкиот музеј.
Изложбата ќе биде отворена до 25 ноември.





