Женско рели на улиците на Скопје – награди за сите учеснички

Женско рели ќе се вози денеска на улиците на Скопје, по повод 8. Март, Светскиот ден на жената. Појдовна точка е Спортски центар „Борис Трајковски“, а заинтересираните треба да бидат на локацијата во 9 часот наутро, кога почнува административната проверка и верификација. Следува кратко упатство за учесничките, а во 10 часот натпреварот свечено ќе биде отворен.

– Учеството е бесплатно, потребни ви се само исправно возило, возачка дозвола и сообраќајна исправа и жена совозач. За сите учеснички се предвидени награди – велат организаторите, Автомобилистичка федерација на Северна Македонија (АФСМ) и клубовите членки на АФСМ.

Повеќе информации на линкот.

Сподели