Промоции на книги, работилници, стендап, музички и хуманитарни настани ќе се одржуваат неделава во „Бруталиск“ во центарот на Скопје. Со шест настани за возрасни и еден за деца, тематската недела е посветена на жените.
Првиот настан е закажан за утревечер во 20 часот кога ќе се одржи „Женски квиз“. Во петок (8 март) ќе има Осмомартовски стендап со Софија Ристевска-Петрушева, во 20 часот, па еден пас подоцна следува празничен петок со диџеј Ивана Драгшиќ.
Бесплатна креативна работилница за деца ќе се одржи в сабота (9 март) во 11 часот под менторство на Доротеј Нешовски. Вечерта во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Нејзината песна“ – мала поетска компилација од пет современи македонски поетеси (Весна Ацевска, Магдалена Хорват, Николина Андова Шопова, Лидија Димковска и Будимка Поповска) по избор на Пандалф Вулкански. Во 21 часот следува настап на диџеј Диско Нинџа.
В недела во 20 часот има хуманитарна забава за Леонид и Кара. Ќе настапат петмина локални диџеи (DJ Abel x cynn, Lagi, Peteljavashе, Dimchuga, Sexy Marsa, Arzu).





