Живописното село Нежилово близу Велес беше домаќин на 5. Меѓународна стрип колонија, што ја организира Стрип центарот на Македонија – Велес. На истата колонија учесници беа: Владимир Весовиќ, Ивица Сретеновиќ и Срѓан Тодоровиќ (Србија), Боб Клисурски, Венцислав Крстев и Христо Тренев (Бугарија), како и Методија Стојановски, Ангела Петрушевска и Елена Апостоловска, Меланија Стојанова, Тамара Николова, Симона Митреска, Горан Мазнев (Македонија).
Тие поминаа низ процес на заедничко творење на стрипови под водство и грижа од менторот Марко Стојановиќ од Србија и организацискиот тим.
Со завршетокот на стрип колонијата заврши и 22. Меѓународен салон на стрип „Велес 2025“, што го финансираа Министерството за култура и Општина Велес.





