Почина Мето Јовановски, брилијантниот актер кој ќе го паметиме по фантастичните улоги во филмовите Среќна нова ‘49, Тетовирани души, Пред дождот, Големата вода, До балчак и по многу други театарски улоги. Имапше 77 години.
Роден е на 17 јануари 1946 година, во пехчевското село Панчарево. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија. Истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.
Неговата актерска кариера почнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. За кратко време се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Добитник на бројни награди, меѓу кои „Златна клапа“ во Велград, четирикратен лауреат е на наградата „Милтон Манаки“, ја добил наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, награда за животно дело на 8. Балкан панорама филм фестивал во Измир во 2022 година и многу други.
Фото: Принтскрин/Телма





