Заеднички час на студентите на УКИМ на платото во чест на починатите во Кочани

Студентитете на Универзитетот „Кирил и Методиј“ ќе се соберат денеска напладне на платото пред УКИМ и ќе одржат заеднички час на кој ќе искажат почит кон жртвите во големата големата трагедија која настана вчера изутрината во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– Заедничката настава и собирите на студентите ќе продолжат сè до 21 март, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ – велат од Универзитетското собрание на УКИМ.

Со времетраење од еден час, тие се искажат сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување на повредените. На платото ќе има простор каде студентите ќе можат да запалат свеќи, да искажат тага во книга на жалост и да остават цвеќе.

Сподели