Врачување на Светската награда на хуманизмот на Виктор Фридман

Во Куќата на Уранија во Охрид денеска во 12 часот на д-р Виктор Фридман, професор на Универзитетот во Чикаго, САД и еден од најголемите американски и светски слависти ќе му боде врачена Светската награда на хуманизмот за 2023 година. Пригодни беседи за Фридман ќе одржат претседателот на Охридската академија на хуманизмот, Јордан Плевнеш и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Со своја беседа на присутните ќе се обрати и лауреатот Фридман.

Свечени обраќања ќе имаат и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и минатогодишниот добитник на Светската награда за хуманизам, академик Далимир Хајко од Братислава, Словачка.

Во рамките на свеченоста ќе се одржи и Меѓународна конференција „Охридската школа на хуманизмот од средниот век до денес“ на која ќе учествуваат Романо Проди, поранешен претседател на Европската Комисија и премиер на Италија, Жан Патрик Конрад, претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите од „Империјал Колеџ во Лондон, Велика Британија, Херта Милер, добитник на Нобеловата награда за книжевност, амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, Вида Огњановиќ, врвен книжевен и театарски деец од Србија.

Фридман е 17. добитник на признанието. Досегашни добитници се: Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди и други.

Сподели