Врачување на наградата „Константин Филозоф“, промоција на списанието „Филозофска трибина“

На Филозофскиот факултет во Скопје денеска во 11 часот ќе биде одбележан Денот на Филозофското друштво на Македонија (ФДМ). На проф. д-р Дејан Донев ќе му биде врачена наградата „Константин Филозоф“ за филозофска книга на годината (за 2024 година) за студијата „За нашите етички основи“, а ќе биде промовирано и 36. издание на списанието „Филозофска трибина“.

Овој број е целосно посветен на филозофската дејност на акад. Ферид Мухиќ. Списанието ќе го промовира проф. д-р Денко Скаловски. Дополнително, на настанот пригодна беседа ќе одржи акад. Шефкет Крциќ на тема: „Придонесот на Мухиќ во развојот на македонската, босанската, југословенската и европската филозофија“.

Сподели