Во локалот „На Струга дуќан“ графики од Ана Трајковска

Во локалот „На Струга дуќан“ во струшката Чаршија денеска во 18 часот ќе биде отворена изложба на дела од Ана Трајковска. На својата петта самостојна изложба таа ќе се претстави со повеќе од 15 графики.

Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопј. Дипломирала графика на Факултетот за ликовни уметности во класата на проф. м-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција, каде магистрирала во 2021 година.

Главно е насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде. Експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од најзиното традиционално восприемање. Изложбата ја организира Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга.

Сподели