„Новинарството од областа на културата е специфична професија што изискува голема посветеност. Следење на културните настани, со флексибилно работно време, познавање повеќе различни уметности и постојано стекнување нови кругиви на соговорници, кое најчесто трае во текот на целиот прифесионален живот. Новинарките Весна Ивановска-Илиевска и Сребра Ѓорѓијевска се меѓу ретките што останаа и опстанаа во новинартството само со работа во облсата на културата. Отако го основаа порталот Умно.мккако независна платформа, својата дејност ја проширија и во областите на науката и образованието“.

Во пресрет на четвртиот роденден на Умно.мк, новинарот Тони Димков не штедеше простор во викенд-изданието на „Културен печат“ кое излегува во дневниот весник „Слободен печат“ за да ја раскажеме приказната на Умно.мк. Димков е паталец кој повеќе од 30 години работи на полето на културата и секој ден на своја кожа чувствува колкава е посветеноста да се работи како новинар во областа култура, која е темел на секое цивилизирано опчштество, најчесто непрепознаена од креаторите на политики и бизнис-секторот. Голема благодарност за колегата Димков и неговата поддршка. Купете „Слободен печат“, еден од последните бастиони на македонското печатено новинарство, читајте ја нашата и останатите приказни.






